понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 56
home Регион

Њујорк тајмс: Коронавирусот може да ги совлада слабите здравствени системи на Балканот

Њујорк тајмс: Коронавирусот може да ги совлада слабите здравствени системи на Балканот

Појавата на вирусот на Балканот може да биде тест за слабо финансираните здравствени системи, вели Њујорк тајмс.

Владата на Хрватска од петни жили се трудеше да ја истакне својата подготвеност и да зрачи смиреност. Но појавата на вирусот на Балканот може да ги совлада слабо финансираните здравствени системи, чии медицински професионалци се одлеваат во Западна Европа, вели американскиот весник.

Епидемијата на коронавирус во Италија, најлошата надвор од Азија, се чини дека се шири. Нови случаи – од кои повеќето се поврзани со италијанскиот епицентар, Ломбардија – вчера беа пријавени во Шпанија, Австрија, Хрватска, Швајцарија и Франција.

Човек што бил во Милано кон средината на февруари стана првиот потврден пациент на коронавирус во Хрватска, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на прес-конференција. Денеска Хрватска веќе има и втор заразен.

Властите во Алжир го пријавија првиот потврден случај на нивната земја, Италијанец, иако не беше јасно дали лицето неодамна било во Италија.

Италија во вторникот пријави вкупно 322 заразени, што е зголемување од 229-те ден порано, а нови случаи има во Тоскана и на Сицилија. Бројот на починатите се искачи на 11, од седум.