На денешен ден пред 26 години загинале сараевските Ромео и Јулија, Бошко Бркиќ и Адмира Исмиќ.
Овој млад пар во обид да избега од злото и лудилото кое и се случувало на нивната земја, убиени се на мостот Врањ.
Млади и заљубени, иако од различна вера и националност, во време кога тоа било невозможно, подготвувале венчавка и бегство од неподносливата реалност.

Тој кобен мајски ден во попладневните часови, во надеж дека ќе избегаат од Сараево убиени се со снајпер и прегрнати останале да лежат со денови на сараевскиот асфалт, бидејќи никој не се осмелувал да ги помести од таму.
Фотографиите од мртвите тела на Бошко и Адмира од Сараево, се појавија насекаде низ светот.
Седум дена по нивната смрт, српската војска ги извлекла телата и ги погребала во Лукавац, а по завршувањето на војната, по барање на родителите на Адмира, нивните посмртни останки биле префрлени на гробиштата Лав во Сараево и заедно се погребани.

За нив се пишувани многу песни, вести и приказни.
Сараевската група „Забрањено пушење“ ја снимила песната со наслов „Бошко и Адмира“.
За нив е снимен и документарен филм.