понеделник, 20. август 2018. Вести денес: 48
home Регион

Нишани обвини дека Владата на Рама се подготвува за изборни манипулации

Нишани обвини дека Владата на Рама се подготвува за изборни манипулации

Поранешниот албански претседател, Бујар Нишани обвини дека Владата на премиерот Еди Рама се подготвува за манипулација на изборите.

Во реакцијата по информациите дека Владата прибира податоци за граѓаните по училиштата и болниците, Нишани на неговиот профил на Фејсбук напиша дека тоа е „невиден скандал“.

– Албанската Влада наредува прибирање лични податоци за албанските граѓани, користејќи ги училиштата и болниците. Целта е манипулација на изборите.Скандал кој не може да се случи во ни една друга нормална земја, напиша Нишани.

Според него „демократскиот свет мора да ја осуди оваа авторитарна практика“.

Имено, во Албанија, кон крајот првата половина на идната година ќе бидат спроведени локални избори, на кои ќе се избираат градоначалници и членови на општинските совети. Се погласно опозицијата бара и предвремени парламентарни избори, но владеачките социјалисти сметаат дека тоа не е потребно.

(Миа)