недела, 21. јули 2019. Вести денес: 0
home Регион

Ни трага, ни глас од 6- годишното момче: 300 луѓе вклучени во потрагата, родителите завршија на психијатрија

Ни трага, ни глас од 6- годишното момче: 300 луѓе вклучени во потрагата, родителите завршија на психијатрија

Шесгодишниот Ибрахим Мешелевиќ, кој вчера возејќи велосипед падна во надојден поток на местото Бегов Хан во Босна и Херцеговина, се уште не е пронајден.

Роднина на малиот Ибрахим вели дека можно е телото да завршило во реката Босна. Во потрагата се вклучени 300 луѓе. Со гребла се најдени само дуксерот и велосипедот на детето.

Тој за „Дневни Аваз“ вели дека родителите се во тешка психичка состојба и дека се префрлени на психијатрија.

Очевидци велат дека изгубиле надеж да го најдат жив, тој е многу мал, а потокот надојден поради обилните дождови.

За потсетување, момчето возејќи го велосипедот паднало во водата, па по него скокнала и мајката во обид да го спаси, но не успеала. Таа е извлечена од водата и пренесена во блница, а по момчето се уште се трага.