недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Регион

Невреме во северниот дел на Грција

Невреме во северниот дел на Грција

Невремето што доцна синоќа го зафати северниот дел на Грција предизвика материјална штета на домови, а противпожарната служба интервенирала во девет случаи за спасување луѓе во Солун, објавија локалните медиуми, jави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно противпожарната служба на Грција интервенира во испумпување вода од домовите, а добила вкупно 150 повици за помош.

Невремето зафати и други градови од северниот дел на земјата, а освен врнежи од дожд, беше регистриран и град.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, поројниот дожд го поплавил автопатот Солун- Ореокастро, а автомобилите останале заглавени на патот. (МИА)