понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Регион

Невреме во Грција: Една жена загина, над 1.600 молњи, снег на планините

Невреме во Грција: Една жена загина, над 1.600 молњи, снег на планините

Во изминатите 24 часа Грција ја зафати невреме проследено со силни врнежи од дожд, но и снег на дел од планините, од удар на гром почина една жена, додека пак системот за молњи на Националната опсерваторија во Атина, регистрирал над 1.600 молњи во текот на вчерашниот ден, јави дописничката на МИА од Атина.

На грчкиот остров Скопелос, од удар на гром загина жена додека заедно со нејзиниот сопруг вршеле земјоделски работи.

Во областа Епир и во централна Грција на планините имаше обилни врнежи од снег, а дождот и силното невреме предизвика проблеми и во Атина.

Според локалните медиуми од Халкидики, во текот на вчерашниот ден освен дожд, бил регистриран и силен град, а слична била ситуација и во градот Волос и околината. (МИА)

Парламентарни избори 2020