понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 11
home Регион

Непалски милијардер заинтересиран за инвестирање во Србија

Непалски милијардер заинтересиран за инвестирање во Србија

Бинод Чодри, непалски милијардер и сопственик на корпорацијата ЦГ Корп Глобал, Србија ја гледа како идеална земја за ширење на својот бизнис.

Чорди започнал како уличен продавач во Катманду, а заврши на листата на Форбс на најбогати луѓе на планетата. Минатата година ја отвори фабриката за нудли „Ваи Ваи“ („Wai Wai“) во Рим, a со Владата на Србија преговара за можна соработка со водечки прехранбени производители во Србија.

– Преговорите бараат време, но јас сум оптимист и мислам дека ќе се договориме, бидејќи гледам добра волја од страна на српската Влада и добри намери од сите кои се поврзани со овој проект, изјави Чорди во интервју за Танјуг.

Освен за прехранбената индустрија, тој е заинтересиран и за вложување во банкарскиот сектор во Србија и во хотелиерството, бидејќи смета дека Србија е вистинската дестинација за ексклузивен спа ресорт каков што поседува во Азија под името „Фарм ат Сан Бенито“ („Farm at San Benito“)

(Миа)

Коронавирус