среда, 28. јули 2021. Вести денес: 145
home Регион

Некаде евтино, на друго место многу скапо: Kакви се цените на грчките плажи оваа година?

Некаде евтино, на друго место многу скапо: Kакви се цените на грчките плажи оваа година?

На повеќето плажи во Тасос до неодамна се применуваше истиот принцип на користење лежалки и чадори од локални кафе барови, како и на територијата на цела Грција.

А тоа значи дека обично е потребно да се порача еден или два пијалоци, што практично кажано ќе платите околу 4-5 евра дневно, за да добиете на користење чадор и две лежалки.

Меѓутоа, од неодамна тоа правило е променето па може да се случи во одредени барови на плажа да ви побараат комплет да платите посебно, како на пример на Мермерната плажа каде две лежалки и чадор изнесуваат 12 евра, а пијачките се плаќаат посебно, но сепак ова не треба да ве загрижува бидејќи правилата се менуваат од сезона во сезона.

Благодарение на богатата елита која не се двоуми да потроши помеѓу 5000 и дури 100.000 евра за ден ден на плажа како би го вкусила луксузот на Намос, најпознатиот бич бар на плажата Псароу на островот Миконос, сопствениците на барот лани во опремување на овој простор вложиле неверојатни 1,5 милиони евра.

Така претставниците на меѓународниот џет сет, богатите магнати и холивудски ѕвезди ќе уживаат покрај море на луксузни лежалки целосно изработени од квалитетен врвен челик и махагонија, сопствениците ги чинела 2800 евра за секоја, душек од италијанската компанија Loro Piana е платен 1000 евра, а сетот исто така е дополнет и со чадори од Tuuci во вредност од 1200 евра за секој.

Обичните туристи закупот на сет од две лежалки на најпознатата плажа во Миконос ќе ги чини 120 евра без вклучен пијалок и ќе добијат на користење еден пешкир. Меѓутоа, припадниците на џет сетот кои сакаат да го резервираат првиот ред покрај море ова задоволство ќе ги чини помеѓу 300 и 500 евра! А задоволството вклучува само една лежалка со чадор, не комплет од две.

Нормални цени за туристите за лежалки секогаш имало на првиот крак. Неа Потидеа, Калитеа, Ханиоти, Фурка се дел од малите крајбрежни градчиња каде лежалките се бесплатни ако пиете кафе со кое ќе добиете гратис флаша вода.

-Моментално уживаме во Калитеа. Овде цените се како секоја година во сезона. Цените на лежалките ги плаќаме по пет евра а за кафе со кое ни носат гратис флаша вода плаќаме 3,80 евра, додека вон и пред сезона за лежалки не се плаќа, туку си го плаќате само пијалокот.

Други туристи пак велат дека во Неа Потидеа плаќале само кафе а лежалките со чадор доаѓале гратис.

„Си порачувате кафе кое го добивате со гратис флаша вода а сетот од две лежалки и чадор ви е гратис. Има и простор каде може да си ги ставите само пешкирите, односно нема лежалки, па секој има опција сам да си избере“.

10 евра за лежалка пак се плаќа на плажите во познатиот Сани ресорт. Бидејќи ова место е познато по бројните јахти кои се паркираат во близина, и по луксузните куќарки со базенти нормално е цените на лежалки да бидат скапи, но оние кои решиле максимално да уживаат немаат проблем да платат до 30 евра за лежалки и пијалоци во местата каде што плажите имаат најчисти води.

Извор: СкопјеИнфо

Коронавирус