четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Не верувал во коронавирус а потоа се заразил и поминал 32 дена на распиратор

Не верувал во коронавирус а потоа се заразил и поминал 32 дена на распиратор

– Додека не заболев, не верував дека постои корона. Не носев маска и дури кога завршив во болнички кревет, ја сфатив сериозноста на ситуацијата, вели Влајко Стефановиќ од Биелина во БиХ.

Тој со короанвирусот бил повеќе од 40 дена, од кои 32 ги поминал на респиратор, пренесе „BHRT“.

-Јас како отпишан, преживеав после 40 дена,успеав да преживеам. Со мене беа примени доста помлади луѓе кои имаа полесна клиничка слика. Видов и доста луѓе кои за жал починаа, раскажува Влајко Стефановиќ.

По осмиот ден е хоспитализиран со воспаление на белите дробови и тогаш започнала неговата борба.

Тој е приклучен на респиратор десеттиот ден.

Како што вели, сега носи маска и води сметка, но Ковид-19 оставил последици по неговото здравје.

Тој за крај им порачува на луѓето да не го негираат постоењето на вирусот и да се придржуваат до мерките.

Коронавирус