четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 181
home Регион

Не паднал хеликоптер – жителите се збуниле: Еве што точно се случило во Република Српска

Не паднал хеликоптер – жителите се збуниле: Еве што точно се случило во Република Српска

Не паднал хеликоптер, како што претходно јавуваа медиумите во регионот, туку дошло до хаварија на далекувод.

Жителите во околните населени места денеска околу 12:30 минути во полиција јавиле дека на подрачјето на Братунца на непристапен теерен се срушил хеликоптер.

-По пријавата, полицијата во соработка со другите служби кои беа ангажирани го прегледа теренот и утврди оти не дошло до пад на хеликоптер, туку до хаварија на далекувод, изјави портпарлото на полициската управа Зворник, Милјан Бобар, пренесува Б92.

Полицијата претпоставува дека жителите, поради одредени звучно-светлосни елементи, се посомневале дека станува збор за пад на хеликоптер.

Командирот на противпожарната единица на Братунца потврди дека дошло до празнење на далекуводот поради што луѓето помислиле дека паднал хеликоптер.

Коронавирус