сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 15
home Регион

НАТО ќе прави база во Драч, потврди Рама

НАТО ќе прави база во Драч, потврди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија упатила повик до НАТО да учествува во финансирање на воена поморска база во Драч.

Рама на прес-конференција соопшти дека на самитот на НАТО во Мадрид изнел детали за изградбата на поморската база, пренесе Анадолија.

– На самитот разговаравме за нашиот проект и верувам дека ќе се вратиме во Брисел за продолжување на проектот и предлогот кој не само што предизвика интересирање, туку и желба за продлабочување на разговорите за поставување на поморска база во Драч, која освен комерцијалниот и трговски дел би имала и воен, изјави Рама.

Тој додаде дека наскоро за ова прашање ќе се одржи посебен состанок со комплетниот албански експертски тим и со стручњаци од Алијансата за детално да се претстави проектот.

Коронавирус