петок, 30. јули 2021. Вести денес: 150
home Регион

НАСТРАДА ЛОШО: Фотографии од претепаниот телохранител на „кралот“на Инстаграм – „Никогаш не сум изел таков ќотек“

НАСТРАДА ЛОШО: Фотографии од претепаниот телохранител на „кралот“на Инстаграм – „Никогаш не сум изел таков ќотек“

Пред четири дена на фамозниот грчки остров Миконос претепан беше Никос Аравантинос, личен телохранител на „кралот на Инстаграмот“, Дан Билзериан крвнички беше претепан од една група од 15 француско-алжирски туристи на грчкиот остров Миконос.

Тој беше нападнат од една поголема група на француско-алжирски туристи кои биле под големо дејство на алкохол, притоа нанесувајќи му тешки телесни повреди. После операцијата, Никос Аравантинос за грчките медиуми откри како дошло до немилиот настан.

Првично тој рекол дека успеал да фати еден од групата, а потоа му се нафрлиле сите удирајќи го со камења, столици и шишиња.

– Никогаш не сум изел таков ќотек, рече за грчките медиуми Аравантинос и додал „Тие ме нападнаа од зад грб, удирајќи ме по главата, имам среќа што се уште сум жив“, рекол тој.

Инцидентот се случил во близина на една позната плажа на Миконос. Тој бнаводно бил повикан од луѓе од еден хотел во близина кога една група од 15 француско-алжирски туристи под големо дејство на алкохол правеле проблеми во истиот. Никос Аравантинос се обидел да ги смири туристите, но ситуацијата излезе од контрола и со насилство.

Коронавирус