36 годишна жена и нејзиното 3 годишно дете загинаа во Белград, откако мајката скокнала од 4 кат, а претходно го фрлила своето дете.
Оваа страшна трагедија доби сосема нов развој откако истражните органи излегоа на терен и утврдија дека мајката најверојатно сама го предизвикала пожарот, а потоа ѝ ги пресекла вените на својата ќеркичка, па на себе и скокнала од 4 кат, заедно со своето дете.
Трагедијата се случи утрината околу 8 часот, во стан во зграда на Бежаниска коса.