сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 95
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Намалување на бројот на новозаразените со коронавирусот во Словенија

Намалување на бројот на новозаразените со коронавирусот во Словенија

Во последните 24 часа словенечките здравствени власти потврдиле 52 нови случаи на лица заразени со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова во споредба со изминатиот ден претставува намалување на бројот на новозаразените, имајќи во предвид дека вчера имаше 70 ново заболени.

Со последните случаи, вкупниот број на заразени со Ковид-19 во Словенија изнесува 684.

Од сите заразени хоспитализирани се 90 пациенти, а само 25 се во одделенијата за интензивна нега.

Портпаролот на Владата, Јелко Кацин на редовната прес конференција објави дека пациентите кои се на интензивна нега се ставени на апарати за вештачко дишење и дека нема нови починати лица како последица на Ковид-19.

Коронавирус