сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Регион

Намалена стапката на морталитет во Хрватска во однос на минатата година

Намалена стапката на морталитет во Хрватска во однос на минатата година

Според прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика, во Хрватска во текот на трите пролетни месеци – март, април и мај, вкупно починале помалку лица отколку во истиот период во изминатите четири години.

Податоците покажуваат дека во Хрватска во март починале 4.401 граѓанин, односно 58 повеќе отколку во истиот период лани.

Во април, кога во земјата беше пикот на првиот бран на пандемијата, починаа 4.762 лица, односно 284 повеќе отколку во истиот период во 2019 година, кога тој број бил 4.478 луѓе.

Најголемо изненадување е прелиминарниот податок за минатиот месец, кога статистичкиот завод забележал 3.851 смртен случај, односно 456 помалку отколку во мај минатата година.

Ако се земе предвид вкупната смртност во трите пролетни месеци во последните пет години, тогаш стапката е најниска оваа година.

Според податоците на ДЗС, во март, април и мај оваа година починале вкупно 13.014 лица, односно 112 помалку отколку во истиот период лани, кога тој број изнесувал 13.126. (МИА)

Парламентарни избори 2020