сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 51
home Регион

Намален бројот на патници на аеродромите во Грција во јануари

Намален бројот на патници на аеродромите во Грција во јануари

Атина, 12 февруари 2021 (МИА) – Од 2,25 милиони патници на грчките аеродроми лани во месец јануари, една година подоцна за истиот период бројот се намалил на 383.463 патници, односно бележи пад од 83 отсто, според податоците од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради рестрикциите и карантинот, за 93 отсто е намален бројот на патници од странство, од 617.814 во јануари 2020 година на 60.018 минатиот месец.

Намалување од 56.3 проценти е регистрирано во бројот на меѓународни и домашни летови.

– Големиот пад беше очекуван, бидејќи во јануари 2020 година не беа воведени рестриктивни мерки за патувањата и летови, бидејќи пандемијата во Грција започна на крајот на февруари 2020 година, соопштуваат од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, презентирајќи ги податоците за минатиот месец.

ЕУРО 2020

Македонија