четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 159
home Регион

НАЈНОВИ ДЕТАЛИ: Две лица загинаа во поморската трагедија во Црна Гора, повеќемина се повредени

НАЈНОВИ ДЕТАЛИ: Две лица загинаа во поморската трагедија во Црна Гора, повеќемина се повредени

Во поморска несреќа што се случи во Заливот Бока Которска, во близина на Луштице, две лица загина, а повеќемина се повредени.

Несреќата се случи откако се судрија моторна јахта и едрилица, изјави директорот на Управата за поморска безбедност Сафет Кочан, додавајќи оти на двата пловни објекти имало 14 луѓе.

Не е познато под чии знамиња пловеле јахтата и едрилицата, врз кои во пристаништето Зеленик ќе биде извршен увид.

Тоа е втора несреќа на море за една недела.

Минатата недела во Улцињ загинаа мајка и син, државјани на Словенија. Несреќата се случи кога „банана“ закачена за скутер, на која се наоѓаа четири лица удри во брод кој превезуваше туристи. Ќерката и таткото не беа повредени во несреќата.

Локални избори 2021