четврток, 4. март 2021. Вести денес: 120
home Регион

Најмалку двајца полицајци и еден вработен се повредени во синоќешниот инцидент во мигрантскиот камп во близина на Сараево

Најмалку двајца полицајци и еден вработен се повредени во синоќешниот инцидент во мигрантскиот камп во близина на Сараево

Припадници на специјалните полициски единици интервенираа ноќеска за да ги смират инцидентите што избувнаа во еден од центрите за прием на илегални мигранти во околината на Сараево, при што некои беа повредени, потврди портпаролот на сараевската полиција, Мирза Хаџиабдиќ.

Тој рече дека најмалку двајца полицајци и еден вработен во Меѓународната организација за миграција (ИОМ), која управува со прифатниот центар, се повредени во судирите предизвикани од мигранти во кампот близу Блажуј.

Како што пренесуваат локалните медиуми, мигрантите оштетиле и неколку полициски возила, а има и превртени автомобили со искршени стакла.

Полицијата потврди дека неколку мигранти биле приведени за насилно однесување.

Конфликтот избил кога вработените во ИОМ се обиделе да пренесат еден од мигрантите од кампот во Блажуј во друг камп. Мигрантот претходно ги охрабрувал инцидентите.

– Станува збор за мигрант, кој всушност е водач на една од групите во овој камп. Мигрантите се обидоа насилно да го ослободат, по што дојде до конфликт, изјави портпаролот на полицијата.

Постојат два кампа со илегални мигранти во околината на Сараево, а нивниот капацитет е нешто повеќе од две и пол илјади легла.

Најголем број мигранти живеат во Унско-санската жупанија. (МИА)

Коронавирус