петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 47
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Регион

Најмалку 11 полицајци повредени при антивладини протести во Тирана

Најмалку 11 полицајци повредени при антивладини протести во Тирана

Најмалку 11 полицајци се повредени денеска при судири меѓу полициските сили и учесници во антивладните протести во Тирана.

Како што соопшти началникот на тиранската полиција Арди Велиу, полицијаците биле повредени при судир со група демонстранти кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон и да стигнат до зградата на албанската Влада.

На антивладините протести во Тирана учествуваа неколку илјади сипатизери и приврзаници на албанската опозиција, која бара оставки на премиерот Еди Рама и на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај.

Демонстрантите, предводни од лидерот на најголемата опозициска сила во Албанија, Демократската партија, Љуљзим Баша. дефилираа по „Булеварот на мачениците“, скандирајќи „Рама оди си“.

Учесниците на протестите носеа транспаренти со антивладини пораки и знамиња на Албанија и ЕУ, а додека минуваа пред Владата и Министерството за внатрешни работи, дел од демонстрантите маваа со камења и други предмети кон зградите.

Демократската партија соопшти дека при судирите со полицајците бил повреден и уредникот на нивниот партиски весник.

Опозицијата го обвинува премиерот Рама за поврзаност со организираниот криминал, а министерот Џафај дека ги прикривал криминалните активности на неговиот брат Агрон, кој во Италија уште во 2002 година е осуден за шверц на дрога. По притисокот од јавност, минатата недела Агрон Џафај замина во Италија, каде им се предаде на властите за да ја отслужи казната.

МИА

Коронавирус