петок, 7. август 2020. Вести денес: 111
home Регион

Најголем дел од новозаболените во Грција се туристи- еве ги денешните бројки

Најголем дел од новозаболените во Грција се туристи- еве ги денешните бројки

Во изминатите 24 часа зголемен е бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во Грција, а според податоците од Националната организација за јавно здравје регистрирани се 50 нови случаи, од кои 24 се од тестовите спроведени на влезните точки во земјата, односно на туристите, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, од останатите 26 случаи, три се исто така туристи, но кои своеволно се тестирале во Грција, седум се во поширокиот регион на Атина, по шест во Солун и Ксанти, два се во Кавала и по еден на Халкидики и во Родопи.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани вкупно 3.672 случаи на Ковид-19, а починаа 193 лица.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите истакна дека „увезените случаи претставуваат опасност, но не се главната опасност”, посочувајќи дека „главната опасност е во внатрешноста на земјата и произлегува од опуштеноста на граѓаните, која што е видлива и кристално јасна „во сите аспекти на економската и општествената активност”.

Коронавирус