среда, 14. април 2021. Вести денес: 2
home Регион

Најдена тајната тетратка на Веља-Невоља, еве кој се нашол во неа

Најдена тајната тетратка на Веља-Невоља, еве кој се нашол во неа

Истражните тела, меѓу другите, видоа многу познати имиња на таа листа.

Оперативците на српското Министерство за внатрешни работи, наводно пронашле тетратка со список на доверители и должници на овој клан, кај еден од луѓето на Вељко Беливук, наречен Веља Невоља.

Тоа што е особено шокантно, како што е неофицијално се дознава, е што истражните органи, меѓу другото, на тој список виделе и познати имиња, меѓу кои има судии, обвинители и полицајци, пренесува српски Телеграф.

Затоа, како што се дознава, сите ќе бидат поканети да дадат изјава во својство на граѓанин во СБПОК, и ќе им биде понуден полиграф за да одговорат на прашања во врска со поврзаноста со групата на Вељко Беливук.

Групата Веља Невоља е осомничена за три убиства, како и за киднапирање на повеќе од десет лица кои исчезнаа минатата година во Белград. Кај Беливук бил пронајден и снајпер, а како што се покажа во истрагата, поранешен полицаец го научил да пука од снајперот.

Меѓу уапсените членови на криминалната група на Веља Невоља, е и поранешниот полицаец од Лозница, Драган Секулиќ, кој во меѓувреме го смени идентитетот и сега се вика Влада Георгијев.

Секулиќ работел во белградската полиција, но морал да ја напушти работата како државен службеник поради криминалните активности во кои бил фатен.

До клучните докази против криминалните група на Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и Дарко Елез, покрај другите материјални докази, полицијата и обвинителството дошле при вештачењето на мобилните телефони на членовите на оваа група, како и на нивните соработници.

Според неофицијални информации, во телефонот на една од приведените девојки, кои биле испрашувани во просториите на Службата за борба против организираниот криминал (СБПОК) биле пронајдени фитографии од обезглавување на живи луѓе.

Тоа било правено по примерот на егзекуциите на исламската држава.

Коронавирус