петок, 4. декември 2020. Вести денес: 166
home Регион

Над 50.000 сопственици на илегални објекти во Црна Гора се пријавиле за легализација

Над 50.000 сопственици на илегални објекти во Црна Гора се пријавиле за легализација

Во Црна Гора за легализација досега се пријавиле повеќе од 50.000 сопственици на бесправно изградени објекти, а од оваа бројка одобрени се 29.000 барања за легалзиација, пренесе телевизијата Нова М.

Иако станува збор за сложен и долготраен процес, надлежните се задоволни од динамиката и воедно ги демантираат информациите дека процесот е запрен, додека директорот на Директоратот за домување Марко Чановиќ за телевизијата Нова М вели дека заради недостг од планови на чекање се само шест отсто од барањата.

Тој објаснува дека кога катастрите ќе го завршат процесот на поклопување со орто-фото снимка, дури тогаш ќе се знае точниот број на нелегални објекти, и дека дури потоа ќе се разгледува дополнителен рок за пријавување на дивите градби.

Кога овој процес почна се претпоставуваше дека во Црна Гора има 100.000 нелегални објекти, но реално, бројката е помала

Коронавирус