среда, 18. јули 2018. Вести денес: 136
home Регион

Над 420 земјотреси за 24 часа во Албанија

Над 420 земјотреси за 24 часа во Албанија

Последниве 24 часа Албанија ја погодија над 420 земјотреси од кои 20 беа посилни и граѓаните ги почувствуваа. Според Институтот за геолошки науки во Тирана, станува збор за афтершокови по вчерашниот земјотрес од 5 степени по Рихтер чиј епицентар беше во бизината на Драч.

Потресите во Албанија се редовна појава и се резултат на судирот на Јадранската микроплоча која е дел од две големи континентални плочи, Африканската и Евроазиската. Умерените земјотреси од 5 до 5,5 степени таму се случуваат на две или пет години.