петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 115
home Регион

Над 150 повредени по серијата земјотреси во Албанија

Над 150 повредени по серијата земјотреси во Албанија

Како последица на силниот земјотрес што во утринските часови ја погоди Албанија регистрирана е втората жртва.

Станува збор за маж на возраст од 32 години, во Курбин, кој во обид да се спаси скокнал од балкон од поголема висина и починал.

Првата жртва беше повозрасна жена во Туман, кај Фуш Круја, која живеела во стамбена зграда која е целосно урната. На самото место се уште се расчистува, а во меѓувреме спасени се две деце.

Дел од медумите јавуваат за трета жртва, но информацијата не е потврдена.

Според министерката за здравство, Огета Манастирлиу, повредени се 150 лица, главно со скршеници и набиеници.

Министертвото за образование соопшти дека поради актуелната состојба денеска настава нема да има во училиштата во околиите Драч, Тирана и Лежа.

Инаку, по силниот земјотрес во 3:56 со јачина од 6,4 степени според Рихтер, речиси со идентична јачина, 6,3 степени регистриран е потрес во 7:10 часот.

Коронавирус