среда, 25. мај 2022. Вести денес: 132
home Регион

НАД 10 ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ: Експлозија во хемиска фабрика во Словенија

НАД 10 ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ: Експлозија во хемиска фабрика во Словенија

Пожар избувнал во хемиската фабрика Меламин, во словенскиот град Кочевје, откако утринава околу 8.30 часот во неа се слушнала силна експлозија, информираат локални медиуми.

Служби за интервенција се на местото на несреќата, затворен е главниот пат низ Кочевје, соопштија од Полициската управа во Љубљана.

Медиуми пишуваат дека густ црн чад се крева над градот.

Според неофицијалните податоци на Радио Словенија, експлодирал бојлер.

Од Управата за заштита и спасување информираа за над 10 повредени, едно лице се здобило со тешки изгореници.

Коронавирус