недела, 15. декември 2019. Вести денес: 1
home Регион

Началник на аналитика во БИА потврдува дека на снимката е руски разузнавач

Началник на аналитика во БИА потврдува дека на снимката е руски разузнавач

Шефот на Управата за аналитика БИА, Реља Жељски, изјави дека е недвосмислено утврдено дека на видео снимката, на која рускиот агент Георгиј Клебан дава пари на човек е руски разузнавач.

На прашањето дали на снимката е српски агент, припадник на БИА или ВБА или некоја друга институција, Жељски синоќа за РТС изјави дека нема да ја шири приказната во овој момент.

– Нашите служби, како цивилната така и воената, се многу интензивно ангажирани во утврдувањето на сите околности, а детали ќе бидат дадени од претседателот на Србија по состанок со Советот за безбедност, што ќе се одржи утре, нагласи тој.

Жељски потсети дека БИА е должна да работи единствено во интерес на сопствената земја, а не на другите земји.

-Многу е важно да се потенцира во овој момент дека разузнавачката субверзивна работа што се одвива на територијата на Република Србија, во никој случај не треба да се поврзува само со Руската Федерација. Напротив, другите големи сили, како што се САД, Велика Британија и Франција , но и регионални играчи, ќе споменам само Хрватска и Албанија, работат многу напорно за да ги извршуваат своите интереси, што секогаш се очекува во меѓународните односи и политика, објасни Жељски.

Весникот Политика денеска објави дека снимката е стара неколку години и на неа најверојатно е српски цивил кој добива пари од руски разузнавач заради бизнис податоци. На видео снимката се гледа средба на двајца мажи на паркинг во Земун.