вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Регион

На секое трето прваче во Бугарија-бугарскиот не му е мајчин јазик

На секое трето прваче во Бугарија-бугарскиот не му е мајчин јазик

Меѓу 25-30% од првачињата во оваа учебна година во Бугарија се со мајчин јазик различен од бугарскиот. За прв пат е зголемен и бројот на ученици од семејства со понизок степен на образование.

Овие вознемирувачки податоци, како што ги именуваат бугарските медиуми, ги наведе министерот за образование Красимир Велчев во настап на Нова Тв на почетокот на учебната година.

Министерот посочува дека интегрирањето на децата од проблематичните групи во образовниот систем е меѓу основните предизвици на Министерството.

Учебната година во Бугарија започна во близу 2.400 училишта во кои ќе учат над 700.000 ученици, од кои речиси 60.000 се првачиња. Во Софија, бројот на првачиња е околу 12.000.