петок, 7. мај 2021. Вести денес: 148
home Регион

На протестот против називот „Македонија“: Обид за линч на поранешен грчки министер (ВИДЕО)

Зуарис, минатата недела поднесе оставка од функцијата по негативните реакции во врска со неговите навредливи коментари против фудбалски навивачи, па за протестот беше прогонуван од страна на гневни демонстранти.
На протестот против називот „Македонија“: Обид за линч на поранешен грчки министер (ВИДЕО)

Група демонстранти кои учествуваа на неделниот митинг во Грција против употребата на називот „Македонија“ во името на нашата држава,го манифестираше својот гнев и на екстремен начин.

Групата  се обиде жестоко да го нападне грчкиот поранешен заменик-министер за образование на Грција, Костас Зурарис.

Зуарис, минатата недела поднесе оставка од функцијата по негативните реакции во врска со неговите навредливи коментари против фудбалски навивачи, па за протестот беше прогонуван од страна на гневни демонстранти.

Неговите телохранители набрзина го одведоа во автомобилот додека демонстрантите трчаа зад него, заканувајќи се дека ќе го линчуваат.

Зурарис важи за контроверзна личност и е член на партијата „Независни Грци“ и е жесток противник на употребата на називот „Македонија“ во новото име.

Сепак, тој беше обвинет дека е предавник на оваа позиција бидејќи беше министер во владата која се залага за ново име кое ќе го содржи терминот „Македонија“.

Коронавирус