недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Регион

На Крит уапсени 40 странски државјани со лажни документи

На Крит уапсени 40 странски државјани со лажни документи

Вкупно 40 странски државјани, 29 мажи и 11 жени, се уапсени на аеродромот Ираклион на Крит, додека се обидувале да отпатуваат во други европски држави со лажни документи.

Апсењата се извршени од 21 до 27 мај.

Осомничените, на возраст од 18 до 57 години, се од Иран, Авганистан, Сирија, Алжир, Либија и од палестинските територии.

Тие планирале да отпатуваат во Франција, Германија, Холандија, Шпанија, Белгија и Чешка.

Уаспените кај себе имале лажни документи наводно издадени во Германија, Шпанија, Холандија, Италија, Белгија, Словенија, Словачка, Бугарија, Сирија, Мароко и Египет.

Осомничените се предадени на обвинителството во Ираклион.

Коронавирус