петок, 26. февруари 2021. Вести денес: 2
home Регион

На Кипар рекордер по бројот на тестирања: Досега направени се речиси 1,3 милиони тестови за Ковид-19

На Кипар рекордер по бројот на тестирања: Досега направени се речиси 1,3 милиони тестови за Ковид-19

Од март 2020 година, заклучно со вчера на Кипар биле направени 1.287.943 ПЦР и рапид тестови, а потврдени се 29.636 случаи на Ковид-19, односно 2,3 отсто од тестираните се позитивни, соопшти Министерството за здравство на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Од речиси 1,3 милиони тестови, 791.630 се молекуларни ПЦР тестови, преку кои биле потврдени над 60 отсто од позитивните случаи, додека пак останатите 458.270 се рапид тестови.

-Министерството за здравство уште од самиот почеток својата стратегија ја заснова на зголеменото тестирање во општеството. Оваа пракса го задржува Кипар меѓу првите земји во Европа според бројот на тестови во однос на бројот на населението, соопштуваат од Министерството за здравство на Кипар.

Коронавирус