сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 126
home Регион

На Кипар позитивни 30 лица кои допатувале од странство

На Кипар позитивни 30 лица кои допатувале од странство

Министерството за здравство на Кипар денеска ги соопшти резултатите од тестовите наравени на аеродромите, како кај кипарски државјани кои пристигнале од странство или кај туристи кои допатувале во земјата и потврдени се 30 позитивни случаи, од кои 17 биле од грчкиот остров Миконос, јави дописничката на МИА од Атина.

Позитивните случаи се од направени вкупно 346 тестови во текот на изминатиот викенд, а освен 17-те случаи од Миконос, од кои повеќето се кај патници кои што се меѓусебно поврзани, останатите десет се од лет од Амстердам, а три од Лондон. (MИА)

Коронавирус