четврток, 23. мај 2019. Вести денес: 59
home Регион

На брегот на Лезбос најдено тело на девојче

На брегот на Лезбос најдено тело на девојче

Тело на девојче за коешто се претпоставува дека загинало при потонување на чамец со имигранти, пронајдено е во неделата на плажа на грчкиот остров Лезбос, извести грчката новинска агенција ANA.

Според локалните медиуми и крајбрежната стража, распаднатото тело без глава, би можело да одговара на деветгодишното девојченце кое е прогласено за исчезнато во февруари кога потона чамец на источниот брег на Лезбос.

Жителител го пронашле телото на плажата Ватера во неделата рано утрото и ја известиле крајбрежната стража којашто го пренела на одделот за патологија во локалната болница.

Во четвртокот три лица од кои две деца загинаа во нереќа во близина на грчкиот остров Самос, кога поточна чамец во кој имало најмалку 12 лица.

Повеќе од 200 имигранти загинале од почетокот на годинава во Средоземното Море, повеќето при обидот да допловат до Италија, според податоците на Меѓународната организација за миграции (IOM).

Минатата 2018 година речиси 48.000 бегалци или имигранти влегле во Грција од кои околу 32.000 преку островите во Егејското Море најблиски до турскиот брег. Вкупно повеќе од 70.000 мигранти во моментов живеат во Грција.