четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 60
home Регион

MВР на Бугарија: Зголемени изборните нарушување за 83 отсто во споредба со изборите во април

MВР на Бугарија: Зголемени изборните нарушување за 83 отсто во споредба со изборите во април

Од почетокот на изборната кампања во Бугарија, до 15 часот денеска (по локално време), Министерството за внатрешни работи на таа држава добило вкупно 982 сигнали за кршење на изборното законодавство и политичките права на граѓаните. Ова го соопшти МВР на Бугарија.

Во споредба со податоците во исто време на парламентарните избори во април, има зголемување од 83 отсто на регистрираните сигнали.

Изготвени се 9.936 протоколи за предупредување, што претставува зголемување за 539 отсто од претходните избори.

Заклучно со 16 часот девет лица се обвинети за купување гласови, и има 76 предистражни постапки за изборни прекршоци, соопшти Обвинителството на Бугарија.

Бројките се дадени по информации на граѓани и Министерството за внатрешни работи и содржат податоци и докази за нудење имотна корист за гласање за одреден кандидат, политичка партија или коалиција.

Засега нема извештаи за сериозно нарушување на јавниот ред и мир.

Изборната активност на предвремените избори за Парламентот е 24,8 отсто до 15 часот по локално време.

Досега има официјални информации од Изборната комисија дека до 11 часот гласале 11,96 отсто од лицата со право на глас. Најголема активност има во Враца (16,22 отсто), а најниска во Пловдив (5,58 отсто).

Педесет и два машини веќе не се во функција на изборите (до 16.30). Во државата има 10.516 машини за изборниот процес. Во Софија има 10 изборни места кои преминале кон гласање со гласачки ливчиња.

Локални избори 2021