недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Мустафа ги повика владејачките партии „да ги измерат силите на избори“

Мустафа ги повика владејачките партии „да ги измерат силите на избори“

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и поранешен премиер Иса Мустафа и порача денеска на владејачката коалиција дека неговата партија нема да соработува со неа за дијалогот со Србија и повторно побара предвремени парламентарни избори.

Мустафа, како што , јави дописникот на МИА од Приштина, ги повика партиите од коалицијата на власт „да ги измерат силите на избори“ па потоа да разговараат за дијалогот, со влада на мнозинството и со платформа која ќе ја добие довербата на две третини од пратениците во Собранието.

За ЛДК, порача нејзиниот лидер преку Фејсбук, „проблемот не е во власта ниту во фотелјите кога станува збор за теми од интерес за државата“.

– Нашите пратеници го изгласаа Договорот за демаркација со Црна Гора. Го гласаа во интерес на граѓаните, не заради заслугите на владејачката коалиција. Бидејќи цело Косово знае кој ги попречи демаркацијата и визната либерализација. Ги попречија со лажни каузи и со насилни дејствија тие што денес владеат. ЛДК нема да соработува со оваа коалиција во процесот на дијалогот, затоа што не и верува. Ние јасно кажуваме дека не бегаме од нашата одговорност за земјата, но исто така не ја делиме одговорноста со тие што се покажаа неодговорни, напиша лидерот на најголемата косовска опозициска партија.

(Миа)

Коронавирус