среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 85
home Регион

Му платиле половина милион евра за убиство на водачот на шкаљарскиот клан кој од безбедносни причини користел македонски пасош

Му платиле половина милион евра за убиство на водачот на шкаљарскиот клан кој од безбедносни причини користел македонски пасош

Платениот убиец од Никшиќ Петар Мујовиќ 19), кој беше уапсен пред три дена, на полициското рочиште призна дека му биле исплатени половина милион евра за убиството на водачот на шкаљарскиот клан, Јован Вукотиќ.

Како што се наведува, осомничениот признал дека се согласил да го убие Вукотиќ и дека го следел десет дена.

Тој и објасни на полицијата како го следел Вукотиќ и го чекал вистинскиот момент да го убие. За истражителите, оперативно, нема сомнение дека Вукотиќ требаше да биде нова жртва на војната на кавачкиот и шкаљарскиот клан, пишуваат медиумите во Подгорица.

Планот на Петар Мујовиќ бил спречен од телохранителот на Вукотиќ, кој забележал возило што ги следи до полициската станица во Котор, каде што Вукотиќ бил повикан да сведочи.

Според црногорските медиуми, додека Вукотиќ бил во полициската станица Мујовиќ бил разоружан пред зградата на полицијата. Кај него е пронајден пиштол со избришан фабрички број, 14 парчиња муниција и еден куршум во цевката, што значи дека тој бил подготвен да пука. Според нив, кај него бил пронајден криптиран телефон.

Јован Вукотиќ беше уапсен во 2018 година во Турција, а потоа беше депортиран во Србија, каде беше осуден на 15 месеци затвор за употреба на македонски пасош на туѓо име. За време на судењето во Белград, тој призна дека го користел тој пасош од безбедносни причини.

За време на неговиот престој во екстрадициониот притвор, беше уапсена група која подготвуваше негова ликвидација додека е во затвор со труење со цијанид.

-Повеќе нема да го оставам животот во ничии раце. Ако нешто ми се случи, моето семејство и пријателите ќе ја сметаат полицијата за директно одговорна, рече Вукотиќ по апсењето на Петар Мујовиќ во Котор.

Во прилог на информацијата дека Мујовиќ го следел Вукотиќ со куршум во цевката со цел да го убие, како што велат, е и фактот дека тој е брат на висок позициониран член на кавачкиот клан.

Коронавирус