четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 147
home Регион

„Мртви лежат по земјата, глетката е ужасна“- фотографии од трагедијата во Хрватска

„Мртви лежат по земјата, глетката е ужасна“- фотографии од трагедијата во Хрватска

Полицијата утврдила дека станува збор за автобус со косовски регистарски ознаки кој излетал од патот кај Славонски Број во недела наутро.

Во сообраќајната несреќа, според моментално достапните информации, загинале 10 лица, додека десетици се повредени се однесени во болницата во Славоснки Брод.

Несреќата се случила околу 6:20 во близина на наплатните рампи кај Славонски Брод.

„Мртви лежат по земјата, глетката е ужасна“, вели за „Dnevnik.hr“ репортерот од порталот „SB Online“.

И понатаму е во тек увидот по кој ќе биде позната причината и сите околности кои довеле до оваа тешка сообраќајна несреќа.

Не е познато во каква состојба се повредените лица. Обидот на „Dnevnik.hr“ да ја провери нивната состојба бил неуспешен затоа што сите доктори моментално биле зафатени со пружање помош на повредените.

ХАК (Хрватски авто-клуб) јавува дека поради сообраќајната несреќа е прекинат сообраќајот на автопатот A3 Брегана-Липовац помеѓу клучките Славонски Брод Запад и Славонски Брод Исток во правец на Липовац.

Сообраќајот е пренасочен.

Коронавирус