сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 78
home Регион

Монструозен потег за Нова година: Ова новороденче беше фрлено во контејнер во Сараево

Монструозен потег за Нова година: Ова новороденче беше фрлено во контејнер во Сараево

На сараевската улица „Кошево“ на 31 декември во контејнер било пронајдено живо бебе, старо само неколку дена.

Пронајденото новороденче е сместено на Клиничкиот центар во Сараево, а за случката е информиран Центарот за социјална работа на Сараево.

Полицијата работи на расчистување на случајот, а засега никој не е уапсен.

Лекарите информираат дека станува збор за штотуку родено женско бебе. Мајката или некој друг кој го фрлил, го замотал во ќебиња.

-Кога го земавме бебето, му беше ладно, но немаше опасност за неговиот живот во тој момент. Му ја пруживме потребната нега и ќе остане на нашата клиника. Кога го најдовме бебето беше замотани со две ќебиња што знали дека мајка ми сакала да го спаси од студот, вели вработен на Клиниката за педијатрија во Сараево.

Јавноста се крена на нозе. Бара да се пронајде мајката и најстрого да се казни. Овој потег го оценуваат како монструозен. Други пак, бараат да не се осудува затоа што причината и сторителот се уште не се познати.