петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Регион

МОЛК ВО АТИНА: Со свеќи формирано срце и датумот на катастрофалните пожари во кои загинаа 91 лице (ФОТО)

МОЛК ВО АТИНА: Со свеќи формирано срце и датумот на катастрофалните пожари во кои загинаа 91 лице (ФОТО)

Со свеќи во рацете и со едноминутен молк, тивко, мирно, Грци од сите возрасти се собраа на атинскиот плоштад Синтагма пред грчкиот парламент и пред споменикот на незнајниот јунак за да им оддадат почит на жртвите од пожарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција пожар собир

Со свеќите формираа срце, а во него бројките 23 и 7 односно датумот на катастрофалните пожари-23 јули, во кои загинаа 91 лице а 25 се водат за исчезнати.

Грција пожар собир

„Едно извини од нас, до сите вас таму горе“ е настанот организиран преку социјалните мрежи од поранешниот грчки кошаркар Јанис Гагалудис кој ги повикува граѓаните вечерва во 21 часот со свеќи во рацете да им оддадат почит на жртвите во катастрофалните пожари.

Грција пожар собир

– Можеби никој не се извини, сметам дека нашето извини за овие дечиња, за овие луѓе што загинаа е најмалку што можеме да направиме, објави кошаркарот на неговиот Фејсбук профил.

Коронавирус