сабота, 25. мај 2019. Вести денес: 38
home Регион

Млад полицаец си играл со пиштолот, случајно убил човек кој доаѓал на судење

Млад полицаец си играл со пиштолот, случајно убил човек кој доаѓал на судење

Судски полицаец, кој најверојатно си играл со пиштолот, случајно убил 52-годишник пред Општинскиот суд во Власеница, Босна и Херцеговина.

Наводно, станува збор за млад полицаец кој неодамна почнал да работи во Судската полиција.

-Тој седеше во портирница со останатите колеги и најверојатно играјќи си со пиштолот го погодил несреќникот, кој доаѓал во судот бидејќи имал судење, рекол очевидец за „Српска инфо“.

Ранетиот човек набрзо им подлегнал на тешките повреди, а судскиот полицаец бил уапсен.

Убиениот зад себе оставил три деца.