понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 67
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Млад фудбалски херој се „фрли“ во акција на гасење пожари – па заспа (ФОТО)

Млад фудбалски херој се „фрли“ во акција на гасење пожари – па заспа (ФОТО)

Покрај тоа што имаат проблеми со коронавирусот како и сите други во светот, населението во  Босна и Херцеговина изминативе денови мака мачеше со честите пожари.

Бројни противпожарни екипи се на терен и се обидуваат да ги стават пожарите под контрола, а во оваа голема акција им помага и еден младиот фудбалер од екипата на Клис од Бутуровиќ Поле, Али Сарајлиќ.

Оваа убава приказна на својот Фејсбук – профил ја сподели и тимот, кој е горд на играчот и член на кадетската репрезентација.

-Петнаесетгодишниот Али Сарајлиќ, член на кадетскиот тим на ФК Клис Бутуровиќ – Поле, стана еден од симболите на противпожарната борба што ја опфати Долината Неретвица последниве денови. Клубот му се заблагодарува на Али и на сите волонтери кои учествуваа во повеќедневните противпожарни активности и го спасија имотот на луѓето, како и големата шумска површина, се вели во официјалното соопштение од клубот кој се натпреварува во Втората лига-Југ.

Коронавирус