сабота, 20. октомври 2018. Вести денес: 76
home Регион

Мислеле дека имаат совршен план: Бугари краделе податоци од картички, но ги издаде една чудна работа

Мислеле дека имаат совршен план: Бугари краделе податоци од картички, но ги издаде една чудна работа

Двајца Бугари се уапсени во Сплит затоа што како што утврдила полицијата поставиле четири „скимери“ (уреди за илегално земање податоци од платежни картички) на банкомати во центарот на градот. За среќа се откриени на време па не успеале да земат пари од граѓаните.

Ове двајца 44 и 47 годишни Бугари, откриени се откако еден граѓанин се обидел да подигне пари на банкомат и при таа прилика забележал чуден отвор за ставање на картичката на банкоматот, па веднаш аламирал во полицијата. Се тоа се случувало во понеделникот околу пладне, кога полицијата на четири банкомати пронашла уреди за снимање на податоците од платежните картички.

Со проверката низ центарот на градот и местата на кои се наоѓаат банкоматите полицијата затекнала едно лице за кое подоцна е утврдено дека е 44 годишен државјанин на Бугарија, кај него се пронајдени три уреди за скенирање. Уапсен е, а подоцна е пронајден и неговиот соучесник кај кого бил пронајден уште еден „скимер“.

При претресот на стан и возилото кое го користеле полицијата пронашла осум комплети опрема за скенирање. Во нив имало кабли со УСБ, полначи за мобилни, картици, батерии за прецизна механика, чистачи за микро СД картички, читач со магнетен запис со картички, лажна маска со отвор за потврда на банкомати со вградена камера за снимање на тастатурата…

Началникот на полицискиот оддел во сплитско- далмацискиот дел, Слободан Марендиќ кажал дека тие ширум Хрватска планирале грабежи од банкомати и најавил поголема истрага како би се утврдило дали се поврзани со истите дела сторени на други локации низ Хрватска.