вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Регион

Мирни парламентарни избори во Косово, гласаа 44 отсто од гласачите

Мирни парламентарни избори во Косово, гласаа 44 отсто од гласачите

Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово по затворањето на гласачките места синоќа во 19 часот објави дека гласањето за вонредните парламентарни избори вчера протече мирно и без поголеми инциденти, а своето право на глас го искористија 812.049, или 44,18 од вкупно нешто над 1,9 милиони граѓани со право на глас, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претседателката на КИЦ Ваљдете Дака на синоќешната прес-конференција, по затворањето на гласачките места, изјави дека на денешните парламентарни излезноста била за 3% повеќе одошто на претходните избори, одржани во јуни 2017 година.

Таа информира дека 24-часовниот рок за поднесување жалби започна веднаш по завршувањето на гласањето, во 19 часот.

– Според информациите на општинските изборни комисии затворени се сите гласачки места и започнат е процесот на броење на гласачките ливчиња. Според прелиминарните резултати од 2.418 гласачки места, или 95 отсто од нив, бројката на граѓаните со право на глас кои излегоа на избори е 812.049, или 44,18 отсто од 1.937.868 гласачи, информира Дака во последното вчерашно обраќање до јавноста. 

МИА