петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Министерството за финансии на Грција отвори специјална сметка за донации за коронавирусот

Министерството за финансии на Грција отвори специјална сметка за донации за коронавирусот

За исплаќање на вонредните трошоци за справување со коронавирусот, Министерството за финансии на Грција отвори специјална сметка за донации, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството велат дека „во оваа критична битка за справувањето со здравствената криза и последиците, никој не е вишок“ и додаваат дека потребна е одговорност, единство, но и солидарност.

-Драгоцена е практичната солидарност на граѓаните и компаниите, до степен до кој секој и секоја може да помогне. Средствата што ќе бидат депонирани ќе бидат наменети за конкретни активности за социјална политика, а јавно ќе се објавуваат, соопштуваат од Министерството за финансии на Грција.

Во понеделникот, грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис ги повика сите пратеници од Нова демократија, како и министрите и замениците -министри во следните два месеци да достават 50 отсто од нивните плати за борбата со коронавирусот, а средствата ќе бидат ставени на специјалната сметка наменета за Ковид-19.

И грчката Претседателка Катерини Сакеларопулу соопшти дека во следните два месеци половината од нејзината плата ќе биде доставена на специјалната сметка.

Коронавирус