недела, 21. јули 2019. Вести денес: 63
home Регион

Миленикот на хрватската публика влегува во политика, објавува кандидатура за претседател

Миленикот на хрватската публика влегува во политика, објавува кандидатура за претседател

Музичарот и пејач Мирослав Шкоро официјално ќе ја објави својата кандидатура за претседател на Хрватска на крајот на оваа недела, пишува „Вечерњи лист“, повикувајќи се на изворите блиски до него.

Шкоро засега планира да биде независен кандидат, но не ја исклучува можноста за разговор со различни политички опции и доколку ги прифатат неговите ставови, постои можност за соработка.

„Вечерњи лист“ тврди дека Шкоро ќе ја финансира кампањата со свои пари.

Прва соработничка во изборниот тим ќе му биде неговата сестра Весна Вучемиловиќ.

Инаку, официјална кандидатура за уште еден мандат официјално се уште не е објавена од актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

Официјално, кандидат на социјалдемократите ќе биде поранешниот премиер и лидер на најпознатата опозициска партија СДП, Зоран Милановиќ.