понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 146
Во живо

Обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на нацијата

home Регион

Мијалковски: Србија на мета на 60 странски служби

Мијалковски: Србија на мета на 60 странски служби

Србија е на мета на разузнавачките служби на шеесет држави, кои создале агентура подготвена за субверзивни дејства, лансирање лажни вести и вознемирување  на јавноста, вели за српскиот весник  „Политика“ професорот Милан Мијалковски.

Тој смета дека се што се случува во Србија може да се гледа преку некои внатрешни причини, но,  тоа треба да се доведе и во контекст на интересите на странскиот фактор.

Поранешниот декан на Факултетот за безбедност, вели дека ситуацијата во Србија и во регионот треба да се гледа преку систем на врзани садови и укажува на остар судир во овој регион на геополитичките интереси на најмоќните сили – САД, Русија и Кина, Турција како регионална сила, и факторот, кој многу земји го занемаруваат, а тоа се исламистите.

Врз основа на искуството и долгогодишната ситуација, Мијалковски вели дека Србија ја „истражуваат” разузнавачки служби на околу шеесет земји.

– Имајќи предвид дека тоа го прават речиси  три децении, тоа значи дека тие создале такви позиции, таква агентура на влијание во Србија, подготвена, обучена да извршување разни субверзивни активности, почнувајќи од групи за притисок, лансирајќи најразлични лажни вести, вознемирувајќи ја јавноста. Нивните способности се респектабилни и постојано се зајакнуваат со разни активности, пред се тајни, но и јавни , вели Мијалковски.

Тој мисли дека главната нивна цел е Србија да го признае Косово.

– Како што ќе се засилува отпорот кон нивната цел,  треба да се очекува тиe да ги зголемат различните притисоци. Мислам дека така треба да се гледа на актуелната безбедносна ситуација и перспектива, вели професорот Мијалковски.

МИА

Коронавирус