вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Мигранти се обиделе да упаднат во амбасадата на САД во Подгорица

Мигранти се обиделе да упаднат во амбасадата на САД во Подгорица

Едно лице е уапсено откако група имирганти во петокот се обиделе да упаднат во американската амбасада во Подгорица, објави во понеделникот црногорската полиција.

Се наведува дека уапсениот е барател на азил, кој успеал да се пробие во дворот на амбасадата.

„Полициските службеници од обезбедувањето на американската амбасада го преземале барателот на азил А.Н. и тој е одведен во центарот за безбедност во Подгорица“, соопшти полицијата.

Зградата на амбасадата ја чувале полициски специјалци со кучиња, кои ги блокирале околните улици.

Воениот ветеран Далибор Јауковиќ во февруари минатата 2018 година фрли бомба врз амбасадата на САД во Подгорица, а малку подоцната со друга изврши самоубситво. Тогаш не беше оштетена зградата на амбасадата.

Коронавирус