недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Регион

Мигранти и бегалци пронајдени во објекти под опсада во Атина

Мигранти и бегалци пронајдени во објекти под опсада во Атина

Мнозинството бегалци и мигранти кои вчера беа пронајдени во два објекта под опсада во центарот на Атина, пренесени се во прифатен центар во Коринт на Пелопонез, а подоцна ќе бидат распределени во други центри, jави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од грчката полиција, од откриените 269 лица, кои што се од Сирија, Авганистан, Иран, Ирак, Алжир, Мароко, Конго, Либан, Јемен, палестинска територија и Турција, 214 се пренесени во Коринт, 48 се задржани и ќе бидат протерани од Грција, бидејќи немале документи за престој, еден Сириец е уапсен бидејќи за него постои налог за апсење од јули годинава поради силување, додека пак едно петочлено семејство од Сирија било ослободено и пренесено в болница, поради тоа што нивното дете имало изгореници.

Како што вчера објави МИА, во новата акција на грчката полиција за празнење на објекти што се под опсада во центарот на Атина, беа пронајдени 269 бегалци и мигранти, меѓу кои 98 деца.