вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 138
home Регион

Мицотакис: Со помош на бројот 112 за итни случаи спасивме десетици илјади луѓе

Мицотакис: Со помош на бројот 112 за итни случаи спасивме десетици илјади луѓе

Бројот 112 за итни случаи, работеше исклучително добро и ни овозможи на соодветен начин да евакуираме области со десетици илјади луѓе, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за Си Ен Ен, во кое говореше за неодамнешните пожари што ја зафатија Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Објасни дека по катастрофалниот пожар во Мати во 2018 година, кога над 100 лица го загубија животот, една од неговите лични заложби било и воспоставување систем што ќе го користи меѓународниот број 112 за итни случаи за предупредување на граѓаните и давање јасни упатства за евакуација.

Грчкиот премиер во интервјуто повтори дека Грција, десет дена се соочуваше со екстремно високи температури и требаше да се справи со речиси 600 пожари, од кои неколку беа особено големи.

-Во еден момент се најдовме соочени со четири „мегапожари“ („megafires“) во исто време. Сторивме сè што можевме, евакуиравме области со десетици илјади луѓе. За среќа успеавме да заштитиме човечки животи, имавме само една загуба. Па така, цивилната заштита во овој поглед направи одлична работа. Но, секако соочени сме со голема еколошка катастрофа, значителен број шуми се уништени. А се плашам дека ова ќе биде реалноста со која отсега ќе се соочуваат регионите како што е Медитеранот. Не станува збор само грчки проблем, рече Мицотакис.

Во интервјуто говореше и за климатските промени и владината политика за прекинување на употребата на јаглен и затворање на електраните со лигнит, истакнувајќи дека Грција е во првите редови за справување со климатската криза.

Локални избори 2021