понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 127
home Регион

Мицотакис побарал од ЕУ поддршка за туризмот во земјите на југ

Мицотакис побарал од ЕУ поддршка за туризмот во земјите на југ

Кога зборуваме за европска поддршка, опиплив доказ би бил да се поддржи туризмот во земјите на југ, рекол грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис на вчерашниот Самит на ЕУ и истакнал дека треба навреме да се даде позитивен сигнал на туристичкиот пазар.

Според информациите од Грција, како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис му предложил на Претседателот на Европскиот совет да побара од ЕК да разработи конкретен предлог за одново авионско поврзување и истакнал дека Единствениот пазар на унијата не постои само за поддршка на слободното движење на стоки, туку како столб го има и слободното движење на луѓето.

Грчкиот премиер за време на состанокот преку видеоконференција, се задржал на потребата за итно формирање на Фондот за закрепнување и потребата за стратегија што нема да го оптоварува јавниот долг на земјите и ќе биде чин во интерес на сите земји, а не само чин на солидарност.

-Грција целосно го поддржува итното формирање на голем Фонд за закрепнување, што мора да работи однапред и пред сѐ да се фокусира на грантови, а не на кредити. Европа не смее повторно да направи „премногу малку и премногу доцна“, напиша грчкиот Премиер на „Твитер“ по завршувањето на Самитот на Европската унија.

Исто така, го повторил предлогот да постои заеднички европски пристап во однос на патентите за евентуалната вакцина за коронавирусот, за да се обезбеди рамноправен пристап на земјите- членки кога ќе се дојде до фазата на масовно вакцинирање.

Мицотакис, според истите информации, истакнал и дека треба да се испрати јасна порака до Турција за провокациите како во Егејското Море така и на Кипар.

ЕУРО 2020

Македонија