сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 21
home Регион

Мицотакис откажа средби поради ситуацијата на Халкидики

Мицотакис откажа средби поради ситуацијата на Халкидики

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис од утрово се информира за последиците од невремето што одзеде шест животи, а поради ситуацијата на Халкидики ги откажа средбите закажани за утрово, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис беше планирано во 10.30 часот да се сретне со поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, а час подоцна да го посети Министерството за образование.

Поради ситуацијата на Халкидики, овие средби се откажани.